
Категорички е неприфатливо да се работи во спротивност на интересите на суверените држави и да се применува политика на двојни стандарди при решавањето на проблемите од регионалната и глобалната безбедност, изјави денеска претседателот на Русија Владимир Путин.
– За ефикасно решавање на тие компликувани проблеми потребна е координација на напорите на сите членки на светската заедница. Притоа, исклучително важно е придржување до принципите на меѓународното право при обезбедувањето на регионална и глобална безбедност, истакна Путин во пораката која ја прочита секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев на отворањето на Меѓународната конференција на високите претставници за безбедност.
– Сакам да нагласам дека Русија е подготвена на поблиска соработка со сите заинтересирани партнери со цел да се намалат заканите и предизвиците со кои се среќава човештвото, заклучи рускиот претседател.