Со уништувањето на фамилијата преку катастрофата на таквата смислена културна промена, културната трансмисија и традиција исто така ќе бидат губитници.“
Војната со македонската култура, име и идентитет не е ништо помалку од обид за преправање на општеството во сликата на прогресивната и секуларна левица. Тоа е здружен обид за потценување и уништување на основното ткиво на Македонија и Македонија да се претвори во… ништо. Ништо уникатно и ништо специјално. Без уникатно име. Без уникатна култура. Без уникатен идентитет. Без минато. Без иднина. Преку напаѓање на методите на културна трансмисија, ги пресекувате корените; како што напиша Александар Солженицин „За да уништиш народ, мора првин да ги прекинеш нивните корени.“ Или како што Милан Kундера, во неговата книга „Kнигата на смеата и заборавањето“ напиша „Првиот чекор во ликвидирањето на народ е да се избрише неговата меморија. Да се уништат неговите книги, неговата култура, неговата историја…. Брзо нацијата ќе започне да заборава што е и што била.“
Многу од нашите пријатели од прогресивната левица кои ја бараат оваа промена се навистина искрени – тие веруваат дека политиките и ставовите што ги поддржуваат, ако бидат имплементирани, би им помогнале на фамилиите и општеството. Но, тие искрено грешат во нивните верувања и не го знаат тоа. Џорџ Орвел напиша:
„Голем дел од левичарската мисла е еден вид играње со оган од страна на луѓе што дури и не знаат дека огнот е жежок.“
Преголем дел од нашите пријатели од прогресивната левица немаат идеја што бранат, а сепак тоа што тие го бранат на крајот ќе ја уништи не само земјата која тврдат дека ја сакаат (Америка, Македонија или друга), туку тоа што тие го бранат на крајот ќе ги уништи и нив.
Во земјите од Југоисточна Европа сум веќе четвртина век, во Македонија 21, а утре ќе ја почнам 22. Голем дел одмојот живот го инвестирав во Македонија и имам намера да го инвестирам остатокот од мојот живот, колку што време ќе ми даде Бог, во Македонија. Се надевам ова ќе биде добра вест за моите пријатели и најверојатно ќе биде лоша вест за оние кои ме мразат. Планетата се менува уште повеќе и брзо на две спротивни страни, една на страна на вистината, а другата на страна на лагите; една страна во корист на традицијата, фамилијата и националната држава и една страна во корист на секуларна, прогресивна современост по секоја цена и без мисли дали е правилно или погрешно, а истовремено против фамилијата и националната држава.
Овие конфликти ќе потраат за сите нации и народи, вклучително и за Македонија за блиската иднина. Патот напред за Македонија ќе биде тежок и ќе има тешки судири напред во таа иднина ако сакаме да го спасиме македонскиот народ, име, идентитет и култура. Јас планирам да бидам комплетно вклучен во овие битки. Затоа што Македонија вреди.
Џејсон Мико за Дневник