
Во Македонија во март годинава се потрошени 664.441 мегаватчасови електрична енергија, 13.557 мил. нм3 природен гас, 452.343 тони јаглен и 84.320 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 65,3 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. За производство на електрична енергија се употребени 96,3 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени.