Терористот од Манчестер е снимен како се подготвува за нападот?

Објавени се снимки кои наводно покажуваат како терористот од Манчестер се подготвува за нападот.

Безбедносните камери снимиле маж, за кого се претпоставува дека е Салман Абеди, бомбашот самоубиец, во моментите откако го купил ранецот во шопинг центарот Арндејл.

Абеди во ранецот носел скриена импровизирана ексер-бомба со која уби вкупно 22 лица.

На снимката се гледа маж кој е облечен во темна облека, а се смета дека слично бил облечен и Абеди во моментите на нападот.