
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мандатар за состав на новата влада на Р.Македонија оствари работна посета на Брисел, на којашто имаше одделна средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, а потоа и заедничка вечера со шест премиери на влади од Балканот организирана од високата претставничка на ЕУ, Могерини.
Заев по вечерата на Могерини со шести премиери од Балканот изјави дека е разговарано за интензивирање на меѓусебната регионална соработка како и унапредување на перспективите кон ЕУ.
„ Зборувавме за регионалните проекти и огромната поддршка од ЕУ за инфаструктурните проекти кои се во фаза на изградба или аплицирање, зборувавме за отворените билатерални прашања кои постојат во регионот, а би биле пречка за идното напредување кон ЕУ и секако најважното беше да се зајакне соработката“, изјави претседателот Заев по заедничката вечера.
На заедничката вечера било заклучено дека неопходна е потребата од редовни состаноци на премиерите од западен Балкан со високите претставници на ЕУ.