
Египетските борбени авиони извеле во петокот шест напади врз кампови на милитантите крај либискиот град Дерна, каде што според Каиро се обучувале исламистите одговорни за смртоносниот напад врз христијаните, соопшти египетски воени извори.
Нападите биле изведен квечерината, неколку часа откако маскирани напаѓачи нападнаа група египетски Копти кои патувале во манастир во централен Египет и убија 28 луѓе.
Оваа вест беше објавена само неколку минути откако египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во телевизиското обраќање вети дека ќе го нападне секој камп за обука на џихадистите, каде и да е во светот, каде што ќе се докаже дека милитнатите планираат напади во Египет.
„Египет нема да се двоуми со нападот на терористичките кампови за обука, каде и да се, на својата територија како и во странство“, порача ал-Сиси.
Според последните податоци на египетското министерство за здравство, најмалку 28 христијани се убиени, а 24 се ранети во нападот врз автобусот во кој се наоѓале коптските христијани на египетскиот југ.