
Ова е голема обврска, ќе продолжам да работам, за да докажеме дека ќе имаме подобра иднина за сите, без разлика на различностите, рече во своето обраќање лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш по реизборот.
Социјалдемократите во саботата го одржаа 22-от Конгресм на кој очекувано со 597 гласа „за“ Зоран Заев е реизбран за претседател на СДСМ. Покрај тоа, исто така, беа избрани но беше резбран и нови членови Централниот одбор, а за Генерален секретар е избран Љупчо Николовски.
„Како што се досега направивме заедно, ги отворивме прозорците кон светот, така ќе работиме и понатаму. Пред нас е долг пат, барам од вас да продолжите да верувате и да работиме темелно. Да создадеме општество на вредности и на еднакви шанси. Општество на еднакви вредности. Тоа е патот до ЕУ и НАТО. Македонија има со што да се гордее, граѓаните со пенкало слушија режим и се на чекор до нова Влада. Направивме многу, ќе направиме уште повеќе, подготвен сум на тој пат. Уште оваа вечер подгответе се на патувањето наречено живот. Да го донесеме животот во Македонија за сите“, рече во своето обраќање Зоран Заев веднаш по неговиот реизбор.
Конгресот на СДСМ мина во атмосфера во која критичарите забележуваат дека Заев ја продолжува својата практика започната од неговото доаѓање на чело на партијата, односно елиминирање на долгогодишните кадри и партиски функционери, особено на ткн „скопско крило“, односно поранешните „бранковисти“. Од неговото преземање на Социјалдемократскиот сојуз, Заев го измени статутот со што си овозможи лично тој да ги именува претседателите на партиските разграноци и на градскиот скопски одбор.