
Командантот Вентили, поточно Садула Дураку откако од 2002-ра до 2006-та го оправи земјоделието, сега ќе ја оправа екологијата. Во меѓувреме Липково го направи Лас Вегас. Нека им е „со среќа“, на македонските земјоделци новиот министер командант Вентили.
Уште еден командант влегува во владата. Хазби Лика. Порано беше заменик министер за внатрешни работи и градоначалник на Тетово. ,,Успех до успех“, и на двете позиции.
За Бујар Османи велат дека е на право место. Место каде повеќе се збори, а помалку се работи. Отсекогаш бил многу добар за зборење, а ни малку успешен за работа.
Велат Ахмети ги мести министрите наспроти коалициониот партнер. За СДСМ се знае дека се неработници, па и тој оди со такви, за да нема колизија и дисхармонија во владата.