
Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за впишување на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите е објавена денеска на светата архиерејска литургија што се одржува во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип.
Со литургијата чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ-ОА. Православната брегалничка епархија вчера во Соборниот храм го почна чествувањето по повод 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и впишувањето на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите.
Прославата почна во 18 часот со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.