Tешка сообраќајка во Аеродром, моторџија се бори за живот

По сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, дваесетгодишното момче од Скопје Д.Р. се бори за живот во на Одделот за интензивна нега.

До несреќата дошло при судир на автомобил „рено“ кој го управувал О.И. (57) од Кратово, со привемено живеалиште во Скопје, и мотор „априлија“ управуван од Д.Р.

МВР информира дека повреденото момче со друго возило било пренесено во болница каде му биле констатирани тешки повреди и се наоѓа на Одделот за интензивна нега во животна опасност. На местото на несреќата полицијата извршила увид.