Синот како директор, според МВР, исплаќал и пари кон мајка си’. Од први ноември 2009 година, до февруари 2013 година, авансно на 12 ноември 2009 се исплатени кирии во износ од речиси 90.000 евра за стан на булеварот Партизански одреди во Скопје. Вкупно во 2009 година се исплатени повеќе 100.000 евра по основ на кирии.
Во 2010 гоидна исплаќана е кирија за стан на улица Хаванска по цена од 2.500 евра месечно од јули до ноеври, а во месец декември закупнината скокнала на 2900 евра. За станот во Охрид, Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра.
Во 2011 година исплаќана е закупнина за станот на улица Хаванска по цена од 2.900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5.300 евра емсечно. Во текот на оваа година директорот на „Дајнерс“ сам на себе си исплатил 70.000 евра.
Во текот на 2012 година за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5.300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски. Истата математика била направена и во 2013 година кога повторно за станот на Хаванска биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија.
Вкупно за периодот од 5 години од сметката на „Дајнерс“ на сметката на сопругот на радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300.000 евра. Од извршениот увид на управните служби на МВР утврдено е дека прво пријавениот и членовите на неговото семејство просториите кои ги изнајмувале ги имале пријавено и како адреси на кои живеат, а впрочем на овие адреси и живееле.
За тројца од ДУИ во новиот владин кабинет, идните министри Рамиз Мерко, Бујар Османи и Садула Дураку, постојат сомненија за сторен криминал, пишува порталот Либертас.
Поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко е осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко воедно е под истрага за злоупотреба на постапката при јавен повик.
Поранешниот портпарол и поранешен министер за здравство од редовите на ДУИ Бујар Османи, е осомничен за нелегални набавки во времето кога тој беше министер за здравство. Сомнежите се за проектот за реконструкција на Државна болница во износ од 400.000 евра.
Според објавеното, поранешниот министер за земјоделство и градоначалник на Липково, Садула Дураку, се’ дознава дека се уште не го исчистил досието за извештајот на Државниот ревизор, каде било констатирано дека за време на неговото раководење со Министерството за земјоделство, фалеле милиони евра. Дураку исто така е спомнат и во судските рочишта за случајот „Куманово“. Се шпекулира дека тој со наредба од Али Ахмети е испратен за преговори со „Кумановската група“, за дознавање на нивните мотиви.
„Либертас“ објави и дека министерот без ресор кој може да биде назначен за вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, бил дел од аферата за незаконско учество на неговата компанија ЕФТ – Македонија со три други компании, кои се здружија со цел диктирање на високи увозни цени за електрична енергија. Антимонополската комисија пред пет години поднесе прекршочна пријави поради ова. Нема информации дали овој случај е затворен.
„Нетпрес“ дознава дека Садула Дураку има…