
Во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци денеска ќе се одржи Саем за вработување, на кој кавадаречките работодавачи ќе ги претстават нивните потреби за работен кадар, а невработените ќе имаат можност директно да се информираат за условите за вработување.
Во рамки на саемот ќе се одржи форум за работодавачи и инфо средба за млади. Саемот ќе го отворат директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување – Кавадарци, Благојчо Борисов.
Саемот е дел од саемскиот караван на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со кој се опфатени и Скопје, Штип, Битола, Тетово и Струмица.