Димовски предупреди на сценарио за креирање провокации во паралментот

Сакам да ја предупредам македонската јавност дека повторно очигледно влегуваме во едно сценарио за креирање провокации во ова собрание и толку од коректноста која беше заговарана и на која што се повикувавме од страна на Зоран Заев и Талат Џафери, порача во средата Илија Димовски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Колегата Талат Џафери на албански им се обраќа само кон на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но не и кон пратениците на СДСМ, ако тој се правда дека ние го ославуваме како пратеник, да ние го ославуваме како пратеник посебно во вакви постапки каде што само кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обраќа на албански јазик, но не и кон пратениците на СДСМ, но тој сé уште според закон не смее да го користи албанскиот јазик од таму каде што во моментов седи, а на тој начин крши и закон за јазици и деловник и Устав на Република Македонија“, истакна Димовски.

 

Потенцираше дека мора да се отвори дискусија за тоа кој свесно го прекрши Уставот најмалку во три члена, кој свесно најмалку во 27 членови го прекрши деловникот за работа на собранието, кој изминатите денови го прекршува членот 68 став 1 од деловникот за работа на Собранието.

 

„Нема да влеземе во сценарија за креирање на провокации кои што денеска повторно ги гледаме, нема да дозволиме да бидеме дел од такви сценарија, ниту да бидеме обвинувани за сето тоа. Добрата волја беше покажана од наша страна вчера ќе биде покажувана во иднина но само ако има коректен однос од сите. Ако тој коректен однос се сведува на вакви ниски провокации какви што ги прави господинот Талат Џафери мислам дека напразно сме се надевале дека некој ветувал нормализирање на ситуацијата“, рече Димовски.