
Хирургот Мирослав Ѓорѓевиќ, кој раководи со Центарот за генитална хирургија во Белград, денеска во клиничката болница „Аџибадем Систина” во Скопје ќе изврши операција и ќе го смени полот на маж кој ќе стане жена. Таква операција првпат се изведува во Македонија.
Интервенцијата ќе се изведе во рамките на Симпозиумот за генито-реконструктивна хирургија која од 1-3 јуни се одржува во Клиничката болница.
Хирургот Ѓорѓевиќ раководи и со Центарот за генитална хирургија во Белград и до сега направил повеќе од 1.500 операции за промена на полот.