
Со предлогот на СДСМ значи дека практично поддршката на земјоделците за набавка на земјоделска механизација ќе се намали од сегашните почетни 50% на почетни 30%, како што предлагаат. Она што е дилема, дали воопшто направиле анализа на актуелните политики или пак свесно одат со ретроградно намалување на поволностите за земјоделците, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во статус на Фејсбук.
Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски
-СДСМ на големо ветува ставка на субвенции за набавка на земјоделска механизација кои ќе се даваат од 30% до 50% поддршка за земјоделците. Но, ова веќе постои и се применува и под подобри услови и повисоки износи. Сега се загарантирани 50% за субвенции за набавка на земјоделска механизација, односно 55% за млади земјоделци, за земјоделци од неразвиени подрачја е 60% поддршка, а за жени земјоделци 65%. А во најновата програма “Реално” предвидовме почетната основа да биде 60% поддршка. Со предлогот на СДСМ значи дека практично поддршката на земјоделците за набавка на земјоделска механизација ќе се намали од сегашните почетни 50% на почетни 30%, како што предлагаат. Она што е дилема, дали воопшто направиле анализа на актуелните политики или пак свесно одат со ретроградно намалување на поволностите за земјоделците. Наместо политика на зголемување, политика на кратење.