Ирска го доби првиот геј премиер

Владејачката партија на Република Ирска “Фине Геил“ го избра Лео Варадкар за свој нов лидер.
Тоа значи дека некогаш тврдокорната католичка земја ќе го добие својот прв премиер кој е деклариран како хомосексуалец и најмладата личност на таа позиција.Варадкар, 38 годишен син на индијски мигрант, ќе го наследи местото премиер од Енду Кени (66), пренесува „Индепендент“.

Се очекува да биде избран за премиер на седницата на парламентот на 13 јуни.

После оставката на Кени на местото лидер на „Фине Геил“ во мај 2017, Варадкар, кој је актуелен министер за социјална заштита, најави дека ќе се кандидира за таа позиција, а противник му беше колегата министер Симон Конвеј.

Варадкар победи освојувајќи убедливо мнозинство гласови меѓу политичарите на партијата на десниот центар.

„Доколку некој на мои години, со моето мешано расно потекло и со сите работи кои го прават мојот карактер, има можност да стане лидер на нашата земја, тогаш мислам дека тоа испраќа порака до секое дете родено денеска, дека не постои канцеларија во Ирска за која не може да тежнее“ – изјави Варадкар оваа недела за радио „Њузток“.