Сите со знамиња од својата земја, Самсоненко со македонското!

Ракометарите на Вардар за првпат во својата историја станаа европски шампиони, а радоста со хероите на теренот ја сподели и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Русинот во друштво на партнерот Орце Камчев беше на паркетот и со македонското знаме бурно ја славеше титулата во ЛШ.

По долга и макотрпна работа, Самсоненко и соработниците успеаја во сонот, а тоа е да се искачат на европскиот ракометен врв.