Во две акции запленети повеќе од еден тон албанска марихуана

Во две одделени акции на албанската и на грчката полиција вчера запленети се повеќе од еден тон марихуана.

Во акцијата на албанската полиција во приморскиот град Валона запленети се 685 килограми мархуана и моторен чамец со кој требало истата да биде транспортирана во правец на Италија.

По добиените инфрмации по опертивен пат, полицијата го пронашла чамецот скриен во блзина на реката Вјоса на клометар оддалеченост од местото каде што таа се влева во Јонско Море.

Грчката гранична патрола пак, на патниот правец Козан-Јанина запленила 335 килограми мархуана прошверцувана од Албанија.

На предупредувањето на полицијата да запре возачот ја зголемил брзината на движење и успеал да стигне во близина на планинска зона, по што го оставил возилото и побегнал заедно со уште едно лице кое било во возилото.

Полицијата успеала да го идентифкува едниот од нив. Станува збор за 36 годишен Албанец, кој и претходно бил апсен за исто кривично дело.