
Очајничкиот крик на СДСМ да се обезвредни и уништи се’ што е со предзнакот на доскорешната партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, не само што не престанува, туку и зазема се поголем залет. Во обидот да се наметне пропаганситичката перцепција за наводното „криминално луксузирање“ на поранешната владејачка гарнитура, медиумите кои се главни поддржувачи на „новите реформи“, се чини дека се надминаа себе си.
Забележителен пример за одработување по секоја цена, па дури и ризикувајќи удар врз репутацијата на медиумот, деновиве беше објавена фото вест на ТВ „24 Вести“( неофицијално, во јавноста се шпекулира дека во сопствеништвото на телевизијата удел има братот на Зоран заев, Вице Заев) за изгледот на внатрешноста на Владата.
Крајно непрофесионано, смешно и манипулативно, како фотографии од ентериерот се презентирани фотографии од хотелот Сент Реџис во Москва. Зошто им требаше тоа, само уредништвото веројтно го знае одговорот, а ако мислеа дека со измамата ќе го зајакнат рејтингот на новата влада, на сметка на уште една црна пропаганда за ВМРО-ДПМНЕ, веројатно Заев ќе треба да размисли за експресно менување на тимот од ПР советници.
Особено сега, кога Заев им ги „отвори“ портите на своите медиумски пропагатори, за кои истите со години се жалеа за „нетранспарентност на владата на Груевски“, и кога новинарите од ТВ „24 Вести“ би требало во секој момент, кога и да посакаат да влезат во Владата и самите да се уверат во „луксузот“ на минатата власт, водечкиот, сега провладин медиум, излегува со смејурија и „непроверена информација“.
Фотографијата, во ексклузивно содржинскиот текст на телевизијата, не е од внатрешноста на владата, туку од хотел во Москва.