Карабатиќ за поразот од Вардар

Француски ПСЖ вчера беше поразен од Вардар во големото финале во Лигата на Шампионите, а Французинот со хрватско потекло, Никола Карабатиќ најде нелогичен изговор за поразот.

Вардар во последната секунда го победи ПСЖ со 24:23, но додека цела Франција на овој пораз гледа како голем неуспех за преплатените „светци“ кои не успеаја да ја освојат титулата, Карабатиќ се обиде да најде еден нелогичен изговор за поразот.

– Можевме да играме многу подобро, секако дека сме многу разочарани за конечниот резултат. Сепак не треба да плукаме на тоа што го направивме. Ние ја завршивме сезоната преморени, игравме до крајот на Светското првенство во јануари, имавме и тешки натпревари во домашниот шампионат. Пробавме да победиме и така, но не успеавме. Грешките кои ги правевме и нелогично загубените топки беа се почести во последните недели, а тоа е поради заморот. Овој пораз не го доведува во прашање проектот на ПСЖ, загубивме за само еден гол. Мора да ги држиме главите високо кренати и да продолжиме понатаму, истакнал Карабатиќ за француските медиуми.