Караџовски: Генерален реизбор на судии е невозможен согласно Уставот

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, во вчерашното гостување во емисијата „Око“ на ТВв Нова потенцираше дека Уставот и законите во Република Македонија морат да важат без разлика на волјата на било која политичка партија да е на власт и дека не смее да се врши притисок и закана врз судиите.

 

„Секому му е јасно дека генерален реизбор на судии не е можен, согласно постојниот Устав и постојната законска регулатива во Република Македонија. Доколку се променат Уставот и законите тогаш ќе разговараме по новата законска регулатива што и како е возможно. Значи и тие тоа што го кажуваат го знаат и не знам освен од овие причини како закана врз судиите сосем непотребна,бидејќи ми реагираат секојдневно судиите значи дали со право или не тие се уплашени, сите ние сме судии треба во принцип да сме професионалци, да го познаваме правото, да ги познаваме законите и уставот на Република Македонија“, посочи Караџовски.

 

Заев и медиумите финансирани од СДСМ, поткрепени од идеолошко блиските самоизвикани „експерти“, уште во предизборната кампања упатуваа јавни закани за судиите, најавувајќи дека ќе има распуштање на судството и реизбор.

 

Дури, Зоран Заев на денот на примопредавањето на функцијата и влегување во Владата како нови премиер во својата прва изјава побара од Јавниот обвинител Марко Зврлевски да си поднесе оставка, заканувајќи се дека ќе почне со реваншизам и со спроведување на својата деструктивна политика.

Независноста и непристрасноста на судиите се важен сегмент за остварување на демократијата и владеењето на правото. Експертите велат дека Заев треба да знае дека власта не е вечна, но принципот за независност на судски систем е вечен.