
Министерот за пропаганда и перење мозок Роберт Поповски имал спрецијално барање уредниците на телевизија Алфа и телевизија Нова да не одат на интервју кое го подготвува националниот сервис, пишува Денешен.
Уплашен дека нема целосна контрола врз тие медиуми и прашањата кои може да ги постават, новопечениот министер за пропаганда побарал да не се покануваат воопшто од страна на МТВ и на тој начин решавајќи ја главоболката на Заев.
Секако тоа било одбиено од јавниот сервис со образложение дека тоа не е коректно и не ја запазува суштината на самото гостување како и фактот што премиерот Заев треба да биде подготвен за незгодни прашања.