
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со партиска делегација во чиј состав се Никола Попоски и Александар Николоски денеска е во Будимпешта, на работната сесија која ја организира унгарскиот премиер Виктор Орбан со десничарските партии од Балканот.
Тој на својот фејсбук профил објави фотографии од средбата.
Тема на работната сесија е интеграција на Балканот, постигнување на стабилност и глобалните предизвици со кој се соочува регионот.