Мртва жена пронајдена на брегот на Брегалница во Штип

Починато женско тело вчера околу 6:50 часот било пронајдено на брегот на реката Брегалница во близина на бањата Кежовица, Штип, информираат од полицијата.

По извршениот увид на лице место утврдено било дека се работи за 61 годишната штипјанка А.Б.

Смртта била констатирана како без траги на насилство, а во консултација со јавен обвинител телото на починатата жена било предадено на семејството за погреб.