
Меѓународниот фестивал на улична уметност „Баскерфест“ ќе почне на 12 и 13 јуни во Гевгелија, а потоа ќе настапи во уште неколку градови во Македонија.
Организаторите најавија дека стотината учесници од дваесетина земји во светот на гевгеличани ќе им понудат релаксирачки одмор и луда забава со квалитетна и разновидна музика проследена со настап на акробати и баскер изведувачи.
Меѓу поатрактивните учесници кои ќе се претстават пред граѓаните на Македонија се најавени артистите Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хорхе Енрикес и уште многу други кои ќе привлечат внимание со своите настапи.