
Поранешниот технички премиер и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев денеска беше на распит во СЈО во врска со случајот „Талир“.
– Бев повикан во својство на осомничен и побарав увид во доказите, изјави Димитриев по излегувањето од СЈО.
Додаде дека дури по увидот ќе се произнесе за случајот.
„Талир“ е предмет кој го отвори СЈО за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Според СЈО првоосомничен за злоупотреба на службена положба и овластување е претседателот на партијата кој од 2009 до крајот на 2015 година овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби.