Маж вооружен со нож зема заложници во Њукасл

Маж вооружен со нож во петокот зема заложници во англискиот град Њукасл, пренесуваат агенциите.

Вооружениот маж влегол утрото во зградата на локалниот завод за вработување и задржал засега непознат број службеници како заложници.

Полицијата е распоредена пред зградата, а улиците кои водат кон заводот за врбраотување во Њукасл се блокирани.

Во првичното соопштение на полчициајта се наведува дека мажот од претходно бил познат на службениците на завдот, а целиот инцидент засега се третира како изолиран.