
Апелацискиот суд ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство против одлуката на судот, бизнисменот Сеад Кочан наместо да биде во притвор да даде парична гаранција во висина од околу 900 илјади евра.
Кривичниот совет на овој суд на седница одржана на 6 јуни решил за предметот во овој дел повторно да се одлучува.
„Судот, во конкретниот случај оцени дека во прилог кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот од кој би се утврдила основаноста на понудената гаранција“, стои во соопштението на судот.
Бизнисменот Сеад Кочан е првоосомничен во случајот на СЈО „Труст“.