САД и Русија водат тајни преговори за Сирија

© AP Photo/Hassan Ammar

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп води тајни преговори со Русија за прашањето на создавање ткн зони на деескалација во југозападна Сирија, пишува весникот The Wall Street Journal (WSJ)во своето издание од петокот, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Според соговорникот, средбите се одржувале во Јордан, и на нив исто така присуствувале претставници на јорданските власти. Весникот пишува и дека уште еден состанок требало да се одржи во Аман оваа седмица, но бил откажан поради неможност да се усогласат термините на двете делегации. Нов термин за средбата знаасега не е договорен, тврди изворот.

Од американска страна преговорите ги водат специјалниот претставник на американскиот амбасадор за соработка со странски земји во борбата против џихадистичката група Исламска држава, Брет Мекгурк и специјалниот претставник на Доналд Трамп за Сирија, Мајкл Ратни.

Натамошните американско-руски преговори се загрозени, додал соговорникот, поради растечката тензија меѓу Вашингтон и Дамаск, по неодамнешниот повторен напад од страна на меѓународната коалиција предводена од САД врз сириската владина војска.

Според сознанијата на WSJ, Американците очекуваат да постигнат договор со Русија за начинот за уништување на Исламската држава и за средствата неопходни за победа над оваа терористичка организација. Доколку преговорите бидат успешни во врска со зоните за деескалација на југозападот од Сирија, двете страни се подготвени да го продолжат дијалогот со цел да се воспостават вакви области и во другите делови од оваа земја којашто од март 2011 година е зафатена од крвава и разорна граѓанска војна, додал извори на весникот.

Претставници на американскиот Стејт департмент не дали никакви поединости за евентуалните вакви преговори. Руската амбасада во Вашингтон, засега немала коментар за ова прашање.

На 4 мај во казахстанската престолнина Аман, претставниците на Русија, Турција и Иран кои во сириската војна поддржуваат спротиставени страни, по неколкумесечни преговори со делегациите на сириската влада и вооружената опозиција потпишаа меморандум за воспоставување зони за деескалација во неколку делови од соседните покраини Алепо, Латакија и Хама, во северниот дел од Хомс, како и во регионот Источна Гута крај главниот град Дамаск и јужните покраини Дераа и Кунејтра.

Договорот предвидува забрана за воени активности, вклучително и прелети на борбени авиони во споменатите области. Документот има важност на половина година и може автоматски да биде продолжен за ист период. Со него не се опфатени екстремните исламистички организации како Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, односно сириското крило на Ал Каеда.