
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на социјалните мрежи во петокот објави фотографија за која напиша дека пристигнува во Прилеп, Градот-херој, градот на Цепенков, на Чернодрински…Следуваа лавина коментари во кои новиот министер беше прашуван дали знае дека всушност Чернодрински е од Струга, а не од Прилеп. Корисниците на социјалната пишуваа дека се зачудени од непознавањето на културата токму од страна на министерот за култура.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пак напиша дека по ова разбира зошто СДСМ го укинале екстерното тестирање, но сепак му постави прашање на Алаѓозовски.