
Кај нас од време на време се мешаат тезите дека Грција не попречува за влез во НАТО, па така последователно и во Европската Унија, изјави за ТВ Нова поранешниот амбасадор Ристо Никоски.
Додаде дека се работи за 29 членки од кои зависи Македонија да оди напред и да се постигне консензус, но очигледно тој консензус не е возможен се додека Македонија не го промени името.
„Највисоките претставници на НАТО и ЕУ денес ни кажаа гласно и јасно дека ставот на Алијансата е зацементиран во 2008. година, прво името, а потоа членство. Тоа е блокада, уцена и ултиматум за една држава“, истакна Никоски.