
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, денеска е назначена за претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Ова беше една од одлуките кои денеска ги донесе Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со кои беа именувани претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на собраниските комисии.