Илиоски: Врвен приоритет за Заев е бруталната партизација на правосудството и полицијата

Врвен приоритет на Зоран Заев е ставање на правосудните органи целосно под негова контрола, и оттаму СДСМ веднаш започна со чекори кои водат кон брутална партизација на органите на прогонот, рече на прес-кофнеренцијата во средата Зоран Илиоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Илиоски ваквите чекори на премиерот Зоран Заев се мотивирани од неговата намера да се забошотуваат криминалите што ги правел самиот тој и членови на раководството на неговата партија, преку инсталирање ека ќе реши два проблеми. Првиот и најголем, да се спаси себе си и останатите од раководството од одговорност за криминалите и вториот, да инсталира партпартиски подобни кадри коишто „ќе ги следат неговите нарачки за спроведување на политички монтирани случаи“.

„Затоа СДС наместо професионалец, за државен секретар во МВР ја именуваше Магдалена Несторовска, координатор на советничката група на СДС во Карпош“, рече Илиоски алудирајќи на вчерашното именување за спомнатата должност

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека токму поради споменатите намери, еден од првите чекори на новата влада на СДСМ беше покренување на постапка на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

„Тоа што на Зоран Заев му пречи е фактот дека Јавното обвинителство водено од Зврлевски не потклекнпоредуваше на политички притисоци и отвараше постапки за случаи како ‘Поткуп’ каде што Заев е флагрантно фатен во неговиот криминален систем воспоставен во Струмица, eдно евро за Вицето, едно евро за црквата. Јавното обвинителство покренуваше постапки и за изборни измами и манопулации со гласачите и за низа предмети во кои беше инволвирана Општина Струмица“, рече Илиоски.

Оцени дека со вчерашното гласање на Советот за јавни обвинители паднаа во вода сите манипулации кои СДСМ ги ширел во изминатиот период за партизираност во работењето на правосудните органи.

„Излезе на виделина и вистината и вистинските мотиви на Зоран Заев. Операцијата што СДС ја прават во моментов не е поради некави реформи или подобрување на квалитетот во работењето на правосудните органи, туку од една едноставна причина да бидат стопирани сите случаи кои се водат против нив пред јавното обвинителство. Одговорност за случаите „Поткуп“, кирии, изборна корупција и слично мора да има. Јавноста очекува правдата да биде подеднаква за сите“, заклучи Илиоски.