
Владимир Буцо Лазов, сопственик на некогашната компанијата „Еуролинија“ и фирмата „Лазов груп“, почина во Скопје изминатата ноќ.
Владимир Буцо Лазов, или како што го нарекуваа своевремено „кралот на билбордите“, беше сопственик на некогашната компанијата „Еуролинија“ и фирмата „Лазов груп“.
Со години наназад, Буцо Лазов ги восхитуваше скопјани со своите колекционерски пасии кон скапи автомобили и мотоцикли, накит, часовници, уметнички слики, патувања…
Единствен по скопските улици тој се возеше со „Bentley Continental GT Speed“, од 300.000 евра.