Викендов првото годишно прскање против комарци од воздух

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првиот наврат од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци во 2017 година на подрачјето на град Скопје ќе се одвива на 17.06.2017 (сабота) и на 18.06.2017 (недела), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат тоа, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Поради овие активности се предупредуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.