
Македонската одбојкарска репрезентација во неделата ја совлада и селекцијата на Шведска, откако претходно беа победени и Азербејџан и Албанија, и со максимални три победи на прво место го заврши турнирот во рамките на Европската лига кој изминатиот викенд се играше во Скопје.
Македонските одбојкари го совладаа шведските со 3-1 во сетови, откако гостите го освоија првиот со 26:24. Потоа следните три сета супериорно им припадна на домашните со 25:17, 25:18 и 25:18.
На следниот турнир кој ќе се игра во Албанија, Македонија така патува со три победи и е потребна само уште една за да се пласира во полуфиналето на Европската лига.