Почувстувани земјотреси во охридско

Два земјотреса се почувствувани во неделата утрото во охридското епицентрално подрачје, по кои не се пријавени оштетувања или евентуално повредени, извести Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Првиот земјотрес се е забележан во 2 часот со Рихтерова локална магнитуда 3,1 а вториот беше во 8 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,5.

Според досегашните податоци, првиот земјотрес беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала а вториот интензитет од III степени според истата скала.