
Растот на популацијата во светски рамки е алармантен. Предвидувањата се дека до 2050 година на планетава ќе има речиси 10 милијарди жители, објавува „Бизнис Инсајдер“, пренесува НетПрес.
Моментно јапонската престолнина Токио е најнаселениот град во светот, со околу 38 милиони жители.
Во Топ 10-те најнаселени градови во светот е и американското Големо јаболко – Њујорк, и тоа со години, со популација од речиси 8,5 милиони жители. Но, во следните три декади прогнозите се дека тоа ќе се смени и дека оваа метропола повеќе нема да биде во Топ 10-те најнаселени.
Имено, додека растот на популацијата во САД и во Европа е во стагнација, бројот на луѓето кои живеат на Блискиот Исток, во Азија и во Африка се зголемува и тоа како што се вели со брзина на светлината.
До 2030 година, овие десет градови ќе бидат со најмногу жители, вели прогнозата на Обединетите нации (United Nations’ World Urbanization Prospects).