Растот на популацијата во светски рамки е алармантен. Предвидувањата се дека до 2050 година на планетава ќе има речиси 10 милијарди жители, објавува „Бизнис Инсајдер“, пренесува НетПрес.
Моментно јапонската престолнина Токио е најнаселениот град во светот, со околу 38 милиони жители.
Во Топ 10-те најнаселени градови во светот е и американското Големо јаболко – Њујорк, и тоа со години, со популација од речиси 8,5 милиони жители. Но, во следните три декади прогнозите се дека тоа ќе се смени и дека оваа метропола повеќе нема да биде во Топ 10-те најнаселени.
Имено, додека растот на популацијата во САД и во Европа е во стагнација, бројот на луѓето кои живеат на Блискиот Исток, во Азија и во Африка се зголемува и тоа како што се вели со брзина на светлината.
До 2030 година, овие десет градови ќе бидат со најмногу жители, вели прогнозата на Обединетите нации (United Nations’ World Urbanization Prospects).
10. Мексико Сити, Мексико – 23,9 милиони жители
Фестивалот „Прошетка на Зомбијата“ пред Споменикот на револуцијата во Мексико Сити
9. Лагос, Нигерија – 24,2 милиони жители
Божиќен панаѓур во Лагос
8. Каиро, Египет – 24,5 милиони жители
Антивладини протести за време на петочна молитва на Тахрир плоштадот во Каиро во 2011 година
7. Карачи, Пакистан – 24,8 милиони жители
Митинг на политичка партија во Карачи во 2011 година
6. Дака, Бангладеш – 27,4 милиони жители