Најголемите градови во светот до 2030 година, а ниту еден не е од Европа или САД

Растот на популацијата во светски рамки е алармантен. Предвидувањата се дека до 2050 година на планетава ќе има речиси 10 милијарди жители, објавува „Бизнис Инсајдер“, пренесува НетПрес.

Моментно јапонската престолнина Токио е најнаселениот град во светот, со околу 38 милиони жители.

Во Топ 10-те најнаселени градови во светот е и американското Големо јаболко – Њујорк, и тоа со години, со популација од речиси 8,5 милиони жители. Но, во следните три декади прогнозите се дека тоа ќе се смени и дека оваа метропола повеќе нема да биде во Топ 10-те најнаселени.

Имено, додека растот на популацијата во САД и во Европа е во стагнација, бројот на луѓето кои живеат на Блискиот Исток, во Азија и во Африка се зголемува и тоа како што се вели со брзина на светлината.

До 2030 година, овие десет градови ќе бидат со најмногу жители, вели прогнозата на Обединетите нации (United Nations’ World Urbanization Prospects).

5. Пекинг, Кина – 27,7 милиони жители

ПекингПрослава на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна на плоштадот Тијанмен во Пекинг во 2015 година

4. Бомбај, Индиа – 27,8 милиони жители

БомбајУчесници на Хинду фестивал во Бомбај

3. Шангај, Кина – 30,8 милиони жители

ШангајНанџинг пешачката зона во Шангај

2. Њу Делхи, Индија – 36,1 мимлиони жители

Њу ДелхиИндискиот премиер Нарендра Моди на меѓународниот Ден на јогата во Њу Делхи во јуни, 2015 година

1. Токио, Јапонија – 37,2 милиони жители

ТокиоАнтивладини протести пред парламентот во Токио во август, 2015 година