
Најмалку 19 деца се убивани или ранети од огнено оружје во САД секој ден, при што на најголем ризик се изложени момчињата, тинејџерите и Афроамериканците, покажува извештајот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, објавен во списанието „Педиатрикс“.
Извештајот се заснова на податоци од посмртници и болнички документи за периодот 2002-2014 година.
Констатациите во истражувањето појаснуваат зошто експертите го разгледуваат насилството со огнено оружје како закана за јавното здравје. Годишно 1.300 малолетни лица ги губат животите од такво оружје, а околу шест илјади се здобиваат со несмртоносни рани.
Во најголем дел од смртните случаи станува збор за убиства или самоубиства, а вооружените напади се главна причина за здобивањето рани кои не се опасни по животот кај децата.
Според Катрин Фаулер, раководител на истражувањето од американскиот Центар за контрола и превенција на болести, овој извештај е „основа за разбирање на проблемот и за разработка на солидно научно решенија“.