По неуспешниот напад во Париз членови на семејството на напаѓаот во притвор

© REUTERS / Gonzalo Fuentes

Притворени се четири члена од семејството на 31-годишниот радикализиран исламист кој загина во понеделникот во неуспешниот напад во кој немаше други жртви на славната париска авенија Елисејски полиња, соопшти во вторникот судски извор.

Поранешната сопруга на Адам Џазири, како и неговиот брат и снаата, се приведени во понеделникот доцна попладнето при претресот на домот на оваа семејство во близина на Париз. Таткото на напаѓачот е „сместен во притвор во текот на вечерта“, додал за AFP истиот извор. Рекол дека напаѓачот „имал пријавено оружје, вежбал гаѓање“.

Џазири во понеделникот попладнето се залета со автомобил во жандармите на Елисејските полиња во Париз, во турстичкиот центар на француската престолнина, два месеца откако џихадист уби полицаец на истата авенија.

Напаѓачот од понеделникот, кој никогаш не бил осудуван, во полициската евиденција имал крај неговото име од 2015 година ознака „S“, што значи дека е проценет како опасен за државната безбедност поради припадност на „радикално исламистичко движење“.

Боца со плин, автоматска пушка „калашников“, две рачни оружја и значително количество муниција се пронајдени во возилото на напаѓачот. Имало и материјал со кој „евентуално би можел да го разнесе тој автомобил“, изјави министерот за внатрешни работи Жерар Коломб.

Возилото се запалило во судирот со комбе на жандармеријата, чиишто припадници го извлекле лицето од автомобилот, изјави портпаролот на минситерството за внатрешни работи, Пјер-Анри Брандет.

На самото место била спроведена операција за неутрализирање на експлозивните материи пред итната медицинска помош да се погрижи за тешко повредениот маж облечен во сиви куси панталони. Набрзо им подлегнал на повредеите, појаснија полициски извори без да ја наведат причината за смртта.