Спајсер: САД ќе работат на зачувувањето на врските за комуникација со Русија

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер изјави дека меѓународната коалиција што се бори против терористичката група Исламска држава во Сирија, ќе го задржи правото на самоодбрана, како и дека САД ќе работат на зачувување на врските за комуникација со Русија во текот на новите тензии.

– Многу е важно и пресудно линиите за комуникација да останат отворени поради намалувањето на ризиците од нови судири, нагласи Спајсер.

Русија вчера ги предупреди САД дека ќе ги сметаат за мета сите авиони што ќе летаат западно од реката Еуфрат, откако американската војска собори сириски авион во близина на Рака.