
Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај пазарот во Росоман утринава од 09:45 часот е блокиран од земјоделци кои се незадоволни од откупот на праски.
Патот е блокиран од страна на 50-тина земјоделци со 10 трактори, а сообраќајот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, се пренасочува по споредни патишта.