Денеска дел од општина Центар ќе остане без вода, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“.
Поради уличен водоводен дефект на улица „Рузвелтова“, на крстосницата со булевар „Партизански Одреди“, прекинато водоснабдување имаат корисниците, на потег од „Рузвелтова“ до „Партизански Одреди“, од 9 часот до отстранување на дефектот, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“.