Лавров оцени дека санкциите се американска „русофобна оспесија“, Москва подготвува одговор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот вечерта по заострувањето на санкциите од САД против Русија поради нејзината наводно улога во украинската криза, предупреди дека станува збор за „русофобна опсесија“ во Вашингтон, а неговото министерство објави дека Москва разгледува соодветен одговор.

„Можам само да кажам дека жалам поради рисофобната опсесија на американските колеги која ги минува сите граници. Уште еднаш тие санкции се одредени без никаква основа“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес-конференцијата со францускиот колега Жан-Ив ле Дријан.

Белата куќа во вторникот пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Петро Порошенко објави дека ќе ги заострат веќе двегодишните санкции против Русија поради нејзината наводна поддршка на рускојазичните бунтовници во југоисточна Украина.

Новите санкции се однесуваат на 38 поединци во Украина и на двајца руски владини функционери и на 12 поединци и компании кои делуваат на црноморскиот полуостров Крим. Целта на санкциите е да се изврши притисок врз Русија за да се најде дипломатско решени , изјави американскиот министер за финансии, Стивен Мначин.

Москва започнува да разработува соодветни мерки како одговор на проширувањето на листата на санкционирани лица и организации од страна на Вашингтон, изјави заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Жалиме поради овој (американски) чекор. Токму со такво чувство уште еднаш е испуштена можноста да се придвижиме кон подобрување на билатералните односи пристапуваме кон подготовка на нашиот одговор“, изјави Рјабков за агенцијата РИА.

„Повеќепати Москва на разни нивоа истакнуваше дека за односот на администрацијата на САД со Русија ќе судиме по нејзините дела, а не по изјавите. Не според некои сигнали, совети, некои полуофицијални импулси, туку строго според делата. Сега делата говорат саите за себе“, изјавил рускиот дипломат.

Рјабков истакнува дека последователното проширување на санкциите против Русија нема да има влијание врз политиките на Москва, нејзините граѓани и компаниите нема да бидат засегнати од нив.

„Никакви штети, подривања нема да ни нанесат. Ќе продолжиме со својот курс цврсто и доследно“, порачува заменикот шеф на руската дипломатија.

Според него, Вашингтон ги заострил санкциите против Русија „свесно долевајќи вода на мелницата на страната на војната во Киев“, односно на оние кои не сакаат решавање на конфликтот во Донбас и се заинтересирани за попречување на договорите од Минск, чиишто потписници се инаку Украина, Русија, Франција и Германија.

„Ние, како и во ситуацијата со нападот на американските сили врз авионот и беспилотното летало на сириската армија, велиме дека таквата политика на САД е противречна на американските декларирани цели“, додал Рјабков.

Претходно потпретседателот на меѓународната комисија на горниот дом на рускиот парламент, Владимир Џабаров, изјави за медиумите дека Русија ќе ги анализира новите американски санкции, и оти соодветните мерки може да бидат донесени по самитот на Г20.

За неколку седмици, имено, во германски Хамбург на споменатиот самит, според најавите, треба да дојде првата средба на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.