
За ТМРО, затварањето на отворените прашања со соседите е секако силен позитивен сигнал, но затварање или каков било компромис на сметка на македонскиот национален идентитет и историја не смее да има, реагираат од партијата ТМРО.
Очекуваме во најавениот договор за добрососедство со Република Бугарија да стои и правото на Македонците во оваа држава на слободно национално изразување со посебна графа за Македонци на претстојниот попис, непречено политичко организирање и регистрација на Македонската партија.
Воедно очекуваме некој од КСИО да се јави и да даде објаснување како тоа Тома Николиќ беше добредојден во Зебрњак и Кајмакчалан, а Борисов на Илинден е провокација, стои во партиското соопштение.