Заврши времето на изолација и конфликти со демократскиот цивилизиран свет во коешто ВМРО-ДПМНЕ ја држеше Македонија заробена цели единаесе години, се вели во сопштението на СДСМ од петокот.
Како што наведува владејачката партија „дојде крајот на тајното преговарање и држењето на јавноста и граѓаните во информативен мрак“ во врска со односите со соседните земји и меѓународната заедница.
„Новото време на слободата и демократијата е тука. Тоа е време на соработка, пријателство и добрососедство што ќе придонесе кон економски развој на земјата и перспективна иднина за граѓаните на Република Македонија. Граѓаните се и ќе бидат транспаретно информирани за секој следен чекор во комуникацијата на нашата државата со соседните земји и меѓународната заедница со цел да се интензивираат интеграциските процеси на Македонија кон полноправно членство во Европската унија и НАТО“ се додав во соопшението и се изразува уверување дека Македонија и нејзините граѓани се уверени во својот национален идентитет.