
На граничниот премин „Богородица“ од саботата изутрина за влез во Грција се чека и по неколку часа, а се формирани и колони возила, главно со македонски и српски регистарски ознаки.
Колоните на македонска страна почнуваат уште пред казиното „Принцес“, а со возила во шест колони е исполнет и меѓуграничниот ростор.
Според процената на македонските погранични служби, за влез во Грција чекаат меѓу 10 и 15 илјади луѓе.
И македнската и грчката погранична служба работат нормално и со полн капацитет, но велат дека е преголем приливот на луѓе и возила поради продолжениот викенд и годишните одмори. Очекуваат состојбата да се нормализира во текот на поладневните часови.
АМСМ соопшти дека е зголем интензитетот на сообраќај на патните правци и препорачува внимателно возење.