
Девојче на возраст од седум години се наоѓа во животна опасност и е хоспитализирана во Клиничкиот центар по сообраќајна несреќа која се случила на патот Охрид-Кичево, кај Требеништа.
Од полицијата информираат дека несреќата кај нив е пријавена вчера во 5,15 часот. Според полицискиот извештај 26-годишната Љ.К. од Валандово управувајќи автомобил „поло“ изгубила контрола над истиот, пошто возилото излетало до коловозот и се превртело на кров.
Со тешки повреди се здобило седум годишното девојче кое било во возилото, а по укажаната лекарска помош во охридската болница е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје каде се бори за живот.